Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Зимскиот распуст продолжен за пет дена, второто полугодие ќе започне на 23 јануари
Учениците ќе се вратат училишните клупи на 23 наместо на 18 јануари, одлучи Владата на денешната редовна седница.
Со оваа одлука, Владата денес го усвои предлогот на Министерството за образование и наука (МОН) за продолжување на зимскиот распуст во период од пет дена.
„Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците“, информираа од Владата.