Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ПРИВЕДЕНО ЛИЦЕ ОД КОЧАНИ КОЕ КРАДЕЛО ОД ФИРМА…
Вчера (06.01.2023) во 05.40 часот во с.Ново Село, струмичко, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село ги лишиле од слобода С.Џ.(26) од Струмица и С.Ш.(25) од Кочани. Тие се сомничат дека околу 02.50 часот од круг на правно лице од с.Ново Село одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.