Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Едно лице загина по судир меѓу автобус и автомобил на експресниот пат Штип-Кочани
Едно лице загина во тешката сообраќајна несереќа, која се случи вечерва меѓу автобус со беровски регистерски таблички и возило опел астра со пробиштипски регистерски ознаки на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на клучката кај штипската приградска населба Три Чешми.
Според првичните информации од портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова несреќата се случила во 19.45 часот. Лекарите од Итната медицинска помош на лице место констатирале дека загинал сопатникот од автомобилот, а возачот со повреди е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип.
Во тек е увидот од страна на полицијата и јавниот обвинител. Во моментов за сообраќај е затворен екпсресниот пат Штип-Кочани кај клучката кај Три Чешми.