Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Пуштање во употреба на делницата Крупиште – Кочани од патот Штип – Кочани
За денеска е најавено пуштањето во употреба на експресниот пат Крупиште – Кочани, со кој се комплетира поврзувањето со Штип. Делницата има четири прoектирани моста.
Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми најавија присуство и обраќање.
Првата делница од експресниот пат Штип – Радовиш, веќе е реализирана и пуштена пред зададениот рок.
Инвестицијата во делницата Крупиште-Кочани во должина од 13,7 километри изнесува 18,2 милиони евра. Првата делница од Штип до Крупиште е во функција од минатата година. Вкупната должина на целиот експресен пат е 28 километри, а инвестицијата 37,3 милиони евра.
Со изградбата на овој експресен пат се создава брза патна врска помеѓу централниот и источниот дел од државата, се отвора можност за влез на нови странски и домашни инвеститори, за зголемување на работните места, како и за подобра комуникација помеѓу граѓаните.
Овој нов патен правец почнува кај местото Три чешми кај Штип, а се надоврзува на веќе завршениот автопат Миладиновци-Свети Николе Штип. Максималната брзина на движење на експресниот пат ќе биде 100 километри на час.