Радио Кочани
Кочани

Училишен шах – Давиткова шампион на Македонија

825

На Државно првенство во шах за учебна 2022/23 година, Јована Давиткова, ученичка во ОУ ,, Св. Кирил и Методиј” од Кочани, го освои првото место и шампионската титула во конкуренција на ученички од оснвни училишта од целата држава.
Првенството го организираше Федерација за училишен спорт на Македонија ( ФУСМАК ) , а се играше денеска во просториите на ПСУ ,, Јахја Ќемал“ во Скопје .


Извонредно талентираната, Јована, одигра шест партии и забележа исто толку победи, Ова државно училишно шаховско првенство за основци се играше според „швајцарски систем“.
Покрај дипломата и медалот за државен првак во шах, Давиткова се здоби и со право на бесплатен спортски камп чиј организатор е ФУСМАК. Ментор на Јована Давиткова е професорот Ивица Цимбалевиќ .

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе