Радио Кочани
Кочани

Претстои избор на нови членови на органите во месните заедници Долни Подлог, Нивичани, Пантелеј и Рајчани

996

Поради истекот на мандатот на членови на органите на облиците на месната самоуправа, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов донесе одлука за распишување избори за нови органи на месната самоуправа.

Согласно Статутот на Општина Кочани, изборот на нови членови ќе се реализира на собири на граѓани за четири месни заедници, планирани за средината на декември.

На 14 декември, со почеток во 16 ч., собир на граѓани ќе се одржи во селото Нивичани, во училишната зграда, каде ќе се избираат новите членови за месните заедници Нивичани, Пантелеј и Рајчани.

На 15 декември, во 16 ч., во ресторанскиот објект е закажан изборот на нови членови за месната заедница Долни Подлог.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе