Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ПРИВЕДЕН КРАДЕЦ ОД КОЧАНИ…
На 28.11.2022 околу 06.30 часот на ул.„Благоја Стефковски” во населба Маџари – Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба лишиле од слобода малолетник од Кочани.
Тој бил фатен при извршување „кражба” во куќа, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети бил пронајдени и вратени на сопственикот.
По преземени мерки, исто така, било утврдено дека тој е сторител и на „разбојничка кражба“ во куќа во населба Керамидница на 27.11.2022, при што одзел пари.
За настаните бил запознаен Јавен обвинител за малолетници и по целосно документирање против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.