Радио Кочани
Кочани

Транспортот на телото на Мартин Костов, од Скопје до Чешиново и погребот ќе бидат бесплатни

16,490

Во врска со немилиот настан што се случи во Малта каде трагично, во сообраќајна несреќа загина Мартин Костов од Чешиново, веќе информиравме дека Конзулатот на Малта во Скопје ќе помогне и ќе обезбеди се што е потребно за враќање на телото во Македонија.
Утрово, Радио Кочани доби допис од фирмата „Вечен рај“ од Кочани во кој се вели дека транспортот на телото од Скопје до родното место Чешиново со сопствено погребално возило ќе биде реализиран бесплатно.
Ова претпријатие бесплатно ќе ги реализира и сите останати активности поврзани со испраќањето на посмртните останки од страна на семејството.
„Јас и мојата фирма ќе се погрижиме од срце да помогнеме во овие тешки моменти и хуманоста да ја покажеме на дело“, рече за Радио Кочани сопственикот, Гарип Мемиш.
Изразуваме длабоко сочуство за ненадоместливата загуба на семејството, пријателите и сограѓаните.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе