Радио Кочани
Кочани

МВР – Му влегле дома, го тепале и му ја оштетиле покуќнината

5,482

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Д.(29), А.Д.(35), Д.Д.(19) и Д.Д.(29), сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
– На 07.10.2022 во Кочани, пријавените физички го нападнале Б.Ѓ., по што насилно влегле во неговиот стан каде продолжиле со нападот врз него и уште едно лице, а оштетиле и дел од покуќнината, информираат од МВР.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе