Радио Кочани
Кочани

ОО СДСМ КОЧАНИ-Претставници на ДПМНЕ, нудите “решенија”, а реално – единствена цел ви се партиски непотребни вработувања.

191
Почитувани сограѓани,
На денешната седница на Совет на општина Кочани не ги поддржавме точките поврзани со КЈП Водовод. Причината е јасна и недвосмислена: не поддржуваме неспособност за менаџирање!
Не поддржуваме непрофесионалност и неажурност!
Не поддржуваме реализирање на лични интереси на сметка на жителите на општина Кочани!
Претставници на ДПМНЕ, нудите “решенија”, а реално – само го пролонгирате проблемот и единствена цел ви се партиски непотребни вработувања.
Крајно време е некој да преземе одговорност за милионските загуби на претпријатието!
Крајно време е некој да одговара за штетата која од ден на ден се зголемува!
Ветувавте се’ и сешто, а за цела една година, испорачавте – НИШТО! Бескрупулозно ја лажете цела кочанска јавност за наводна загриженост, а таргет ви беше само ВЛАСТ!
До кога планирате да ја држите локалната самоуправа во заложништво?!
Советничка група предводена од СДСМ
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе