Радио Кочани
Кочани

Ученици од Оризари се вклучија во одбележувањето на Европската недела на мобилност

438

Во рамките на кампањата на Општина Кочани за зајакнување на сообраќајната култура, деновиве општинските служби за сообраќај во соработка со Одделението за внатрешни работи – Кочани и со претставници од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот  реализираа активности за едукација и информирање на учесниците во сообраќајот.

На Меѓународниот ден без автомобили беа дистрибуирани летоци со пораки за важноста на одржливата мобилност и за предностите на превозните средства што не ја загадуваат животната средина.

Во вакви активности се вклучија и ученици од ОУ „Крсте Мисирков“ од Оризари, кои директно контактираа со возачи на моторни возила и упатуваа писмени пораки за безбедно, совесно и одговорно возење и за значењето на велосипедот како превозно и рекреативно средство.

Во селото Горни Подлог, на тракторите како механизација која поради неозначеност може да предизивка опасност во сообраќајот, беа лепени рефелектирачки ленти со пораката „Вози одговорно“.

Реализираните активности се дел и од одбележувањето на Европската недела на мобилност.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе