Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Запленето буково дрво во кочанско, возачот избегал
На 19.09.2022, по преземени мерки и активности за откривање на нелегална сеча на дрва на подрачјето на ОВР Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани и полициски службеници од Шумска полиција, при контрола и преглед на патничко моторно возило ,,шкода фелиција“ без регистарски таблички, пронашле и одзеле буково огревно дрво, а лицето кое го управувало возилото избегало.
Возилото и дрвата се одземени и предадени на Јавното претпријатие ,,Национални шуми“ – Подрачна единица Кочани. Се работи на расчистување на случајот.