Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На денешниот голем христијански празник Петровден, кој е и духовен патрон на Кочани, на западниот влез во градот, кај кружниот тек кај „Национал“, свечено беше осветен Крстот – симболот на христијанството и спомен-обележје посветено на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“.
Чинот на осветувањето го изврши митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија.
На настанот присуствуваа семејствата на загинатите, повредените од трагедијата, градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, претставници на институции и граѓани.
Одлуката за подигање на ова спомен-обележје ја донесе Советот на Општина Кочани во февруари годинава, по иницијатива на митрополитот Брегалнички г. Иларион.
Инаку, Крстот е висок 17 метри, а неговото поставување беше реализирано на 10 јули, а денес, на Петровден – денот кога Кочани го чествува својот духовен заштитник, беше извршено неговото свечено осветување.
