Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Полицијата приведе 29-годишна виничанка по напад врз мајка си
На 30.05.2026 година околу 13:00 часот, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода С.У. (29) од Виница, по пријава дека физички ја нападнала својата 51-годишна мајка со метален предмет, нанесувајќи и повреди.
На повредената ѝ била укажана лекарска помош во Општата болница во Кочани.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, а по целосно документирање против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава .
