Радио Кочани
Кочани

Јован Манев пред дуелите против БиХ и Турција: Ќе го дадеме максимумот за Македонија

991

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за двата контролни натпревари против Босна и Херцеговина во Сараево и Турција во Истанбул, а во националниот тим по пауза поради повреда се враќа дефанзивецот Јован Манев.

Фудбалерот на Нови Пазар истакнува дека за него претставува чест што повторно е дел од националниот состав и порача дека Македонија ќе оди на победи на двата натпревари.

Нè очекуваат натпревари против квалитетни репрезентации како Босна и Херцеговина и Турција. Подготвени сме да го дадеме максимумот, без разлика дали станува збор за пријателски натпревар или натпревар за бодови. Такви поделби не постојат кога се игра за репрезентацијата затоа што секој натпревар е исклучително важен, изјави Манев.

Македонскиот репрезентативец потенцираше дека квалитетот на противниците е дополнителен мотив за добар настап.

Уверен сум дека сите ќе го дадеме максимумот на овие два натпревари и се надевам на победи. Самото тоа што БиХ и Турција се квалификуваа на Светско првенство покажува дека станува збор за репрезентации со голем квалитет, но тоа нема да значи ништо ако ние бидеме на вистинското ниво и го дадеме максимумот на теренот. Им честитаме за пласманот на Светското првенство, но ние одиме таму да дадеме сто проценти и да победиме, рече Манев.

Во пресрет на натпреварите, Манев нагласи дека најважно ќе биде фудбалерите да ги исполнат задачите од селекторот.

Селекторот ќе го има главниот збор, а наше е да ги испочитуваме неговите барања, да ги реализираме задачите што ќе ни ги постави и да дадеме сè од себе за да оствариме победа, додаде македонскиот дефанзивец.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio