Радио Кочани
Кочани

37-годишник од виничко и неговата мајка осомничени за напад врз 22-годишна жена

2,585

Триесет и седумгодишен жител на виничко село е приведен откако бил пријавен за физички напад врз неговата 22-годишна сопруга.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за лицето Н.П., кој, според пријавата, заедно со неговата мајка физички ја нападнал сопругата.

По пријавата, полициски службеници презеле мерки и активности, при што лицето било лишено од слобода.

Од МВР информираат дека се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни пријави

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio