Радио Кочани
Кочани

Започна изградбата на велодром во Кочани – инвестиција во здрав и активен живот

693

Во малото зеленило каде што се вкрстуваат улиците „Скопска“ и „Сремска“ во Кочани, денеска беше означен почетокот на проектот за уредување на современ простор наменет за велосипедисти.

Станува збор за изградба на нов вело-полигон, кој се реализира како донација од Стопанска банка АД Скопје.

Планирано е овој простор да зафаќа околу 324 квадратни метри и да биде уреден според модерни стандарди.

Во рамки на проектот ќе се постави целосна хоризонтална и вертикална сигнализација, со што ќе се обезбеди безбедно и организирано движење за сите корисници.

Градоначалникот Грозданов истакнна  дека новата содржина ќе придонесе за збогатување на урбаното живеење, особено кај младите. Наместо време поминато пред екрани, децата и тинејџерите ќе добијат можност да се насочат кон спорт и активен живот, како и да ги унапредат своите вештини во возење велосипед.

Реализацијата на проектот ја презема компанијата „Баџак инженеринг“, а според најавите, работите треба да бидат завршени во рок од еден месец.

Новиот вело-простор се очекува да прерасне во омилено место за рекреација и дружење на жителите на Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio