Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Депонирана оставката во Општина Кочани на директорот на ОУ „Никола Карев“, Александар Андов
Директорот на ОУ „Никола Карев“, Александар Андов денеска ја депонираше својата оставка во Општина Кочани, информираше градоначалникот Владко Грозданов на попладневната, втора прес конференција за денска.
Грозданов посочи дека веќе од утре ќе се бара нов в.д директор, со цел непречено одвивање на работата на образовната установа.
Тој додаде дека и училиштетео продолжува да функционира согласно законските прописи.
Оставката е примена во нашата институција под број 08-897/1 од 05.05.2026, односно денешниот датум. Од утре продолжуваме со разговори со вработените. За многу брзо ќе имаме нов в.д директор при што образовниот процес продолжува со нормано функционирање. Никој не е над законот, нема да постапуваме никако друго освен согласно законските регулативи, изјави градоначалникот Грозданов
Решението за нов в.д директор би било внатрешно, однсоно на челната позиција би дошол некој од вработените, но долколку не се најде, општината би постапила согласно сите законски правила и прописи!
Видео материјал:
