Радио Кочани
Кочани

Јавен повик за избор на здружение на граѓани за дообразување на возрасни без завршено основно образование

144

Општина Кочани објавува повик до заинтересирани здруженија на граѓани за дообразување на возрасни лица  без завршено основно образование.

Здружението треба да биде регистрирано во Централен регистар за здруженија на граѓани  и да има работен ангажман  на вакви  и слични проблематики  во последните  5 години.

Здружението на граѓани  ќе има обврска да ангажирана лиценцирана школа за дообразување на возрасни и да го спроведе  дообразувањето за 20 до 26 возрасни лица Роми и други ранливи групи од Општина Кочани кои немаат  завршено основно образование.

Предност во изборот ќе има здружението што ќе преземе најмалку 30 % од трошоците за дообразување.

Општина Кочани за оваа намена има предвидено 200.000 денари во Програмата за социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2026 година.

Заинтересираните здруженија на граѓани треба да поднесат пријава  кон  која ќе приложат CV и ќе нагласат дека можат да учествуваат со 30 % во финансирањето на Проектот на Општина Кочани за дообразување возрасни без основно образование.

Изборот на лица кои ќе бидат дообразувани ќе биде обврска  на Здружението на граѓани,   а во соработка со Општина Кочани. Дообразувањето ќе биде без надоместок од страна на лицата согласно насоките во Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година, точка 2.3Дооформување на основно образование на лица без основно образование кои не се вклучени во пазарот на трудот.

Пријавите можат да се поднесат до Едношалтерската канцеларија  на Општина Кочани или на е-адреса: [email protected].

Повикот трае до  11.5.2026 година (понеделник).

Информации кај Аника Илијевска Ѓорѓиева, 072 275 689.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio