Радио Кочани
Кочани

Фонтаните во Кочани надвор од функција: „Зрно“ повторно расипана, не работи и фонтаната во Паркот на Револуцијата

1,153
Фонтаната „Зрно“ во ГТЦ – Кочани, и покрај тоа што беше неодамна пуштена во употреба и функционираше речиси две недели, повторно е вон функција.
Според информациите, моторот претходно бил на сервис, но дефектот се појавил повторно.
Во текот на денешниот ден, екипа од КЈП „Водовод“ излегла на терен за увид во состојбата.
Сепак, засега нема конкретни информации кога фонтаната ќе биде повторно ставена во функција.
Покрај оваа, неработи ниту фонтаната во Паркот на Револуцијата, иако временските услови – и дневните и ноќните температури – веќе дозволуваат нивно користење.
Граѓаните очекуваат брза и ефикасна реакција од надлежните служби со цел овие јавни содржини повторно да бидат ставени во употреба.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio