Радио Кочани
Кочани

Премиерата на „Пипи долгиот чорап“ ја наполни салата нa „Бели мугри“

223

Во Кочани синоќа се одигра премиерата на претставата за деца „Пипи долгиот чорап“, сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ во Кочани.

Станува збор за драматизирана приказна за најхраброто девојче, кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Претставата е работена според истоимениот роман од шведската писателка, Астрид Линдгрен.

Големата сала ЦК „Бели мугри“, синоќа, на премиерната изведба, беше пополнета до последното место.

Играат членовите на драмското студио на кочанската Национална установа. Улугата на Пипи  ја имаше Илина Дојчинов и ја издржа целата динамика на претставата во текот на сите педесетина минути.

Пипи… ќе има уште три изведби во дневни термини до 30 април.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio