Радио Кочани
Кочани

Прегазено седумгодишно дете на улицата „Стамен Манов“ во Кочани

4,780

Вчера околу 17:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на улицата „Стамен Манов“ во Кочани, патничко возило „цитроен“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(40) од Кочани, удрило во седумгодишно дете од Кочани.

Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio