Радио Кочани
Кочани

ДПД Кочанин започна кампања за собирање донации за набавка на ново специјално пикап возило

101

Доброволното  противпожарно друштво од  Кочани започна со кампања за собирање средства за набавка на едно пикап возило, кое ќе биде надоградено со модул за гасење на шумски пожари и пожари на отворено.

-Со набавка на  ова возило ќе го комплетираме нашиот предвиден возен парк и значително ќе ги зголемеме капацитети во справување со шумските и пожарите на отворено, соопштија кочанските пожарникари – доброволцои.

-Ги потикнуваме граѓаните и општествено одговорните фирми да донираат,  со што час поскоро ќе ја оствариме нашата цел и ќе го набавиме специјалното пикап возило. Со тоа ќе се зајакне безбедноста на целата заедница, сметаат од ДПД Кочани, чии членови, во секоја интервенција во случај на пожар, ги придружуваат припадниците наТППЕ од Кочани.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio