Радио Кочани
Кочани

Во паркот во Облешево ќе се гради спомен-обележје посветено на младите лица кои ги загубија животите во пожарот во „Пулс“

1,251

Со 11 гласа „за“, Советот на Општина Чешиново-Облешево на последната седница донесе одлука за изградба на спомен-обележје посветено на младите лица кои ги загубија животите во пожарот во „Пулс“ минатата година.

Предлогот беше поднесен од градоначалникот Јорданче Костадинов и доби целосна поддршка од советниците, при што беше истакнато дека за неговата реализација е остварена координација и со семејствата на починатите.

Планирано е спомен-обележјето да биде поставено во паркот во Облешево, во непосредна близина на зградата на општината, на просторот каде што во моментов се наоѓа фонтана, која е нефункционална.

Градоначалникот Костадинов посочи дека идејата произлегла од заеднички средби со семејствата на жртвите, со цел да се обезбеди соодветно место за оддавање почит.

Од Општината информираат дека службите од секторот за урбанизам веќе работат на подготовка на потребната документација, за проектот да се реализира согласно важечките законски процедури.

Со оваа одлука, општината најавува создавање трајно обележје кое ќе ја зачува меморијата за трагично загинатите и ќе служи како место на сеќавање.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio