Радио Кочани
Кочани

Велосипедска тура во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во Пулс

217

В недела, 15 март 2026 година, со почеток во 10:30 ч. ќе се одржи велосипедска тура во чест на загинатите и на повредените во трагедијата.

Поаѓањето е од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе возат низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата ќе заврши повторно во Паркот на Револуцијата.

Пријавени се околу 500 учесници – велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин ќе оддадат почит и ќе испратат порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Пред почетокот на велосипедската тура, присутните ќе ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов.

Настанот е дел од повеќедневната програма за одбележување на годишнината од трагичниот пожар.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio