Радио Кочани
Кочани

Поранешниот градоначалник на Кочани, Папазов бара укинување на куќниот притвор

1,520

Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој ја водеше општината во времето на трагедијата во кабарето „Пулс“ и е меѓу обвинетите функционери, доставил барање до Судот за замена на куќниот притвор со мерки за претпазливост. Предлогот, сепак, треба прво да го разгледа Јавното обвинителство.

Судот го повика Обвинителството да се произнесе, но јавниот обвинител побара одлука да се донесе на следната главна расправа, наведувајќи дека „ги немаме сите информации во овој момент“.

Денешното рочиште за трагедијата, во која загинаа 63 млади лица, се одржа во судницата во „Идризово“ и продолжи со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството. Беа повикани пет сведоци, од кои четворица се обезбедени и присуствуваа.

Процесот се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднини на жртвите и јавноста. Постапка се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката во Кочани избувна за време на настапот на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството

Извор: Скопје1

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio