Радио Кочани
Кочани

Општата болница – Кочани ќе добие нови паркинг места на повеќе локации – министерот Алиу на првиот ден од работните активности…

292

Денеска, во кругот на Општа болница со проширена дејност – Кочани започнаа работни активности за уредување на дворното место, како и проширување на паркинг просторот на три локации.

Како што информираше градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, на местото каде што беше поставена модуларната болница ќе биде изградена современа платформа за паркирање, со што значително ќе се подобрат условите за пациентите и посетителите на болницата.

Пролетните работни активности се реализираат од страна на Локалната самуправа во координација со КЈП „Водовод“, како резултат на потпишаниот меморандум за соработка меѓу Општината и болницата.

Увид во тековните активности денеска извршија министерот за здравство Азир Алиу, градоначалникот Владко Грозданов и директорката на болницата Катерина Паниќ Мирчовска.

Во однос на повредените, министерот Алиу посочи дека сите кои имаат потреба се згрижени, а по потреба на пациентите, медицинските лица од нашата земја се консултираат и со нивните колеги од соседните земји.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio