Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Две лица од Кочани приведени бидејќи управувале возила под дејството на алкохол
Двајца возачи од Кочани управувале возило под дејство на алкохол, при што им биле измерени 1,83 и 2,91 промили алкохол во крвта.
Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Управувањето возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола претставува сериозна закана за безбедноста на сите граѓани.
Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
