Радио Кочани
Кочани

„Месни поклади“ во манастирот „Свети Спас“ во организација на жениете од здружението „Златни Срца“

390

Во организација на Здружение на жени „Златни срца“ од Виница, вчера во атарот на манастирот „Св. Спас“ во село Драгобраште се одржа манифестација „Месни поклади“.

Настанот имаше за цел да ги обедини граѓаните и да придонесе кон зачувување на традицијата, верата и културното наследство. Преку ваквите собири се негуваат вековните обичаи, се зајакнува заедништвото и се поттикнува почитта кон духовните вредности, велат членките на „Златни срца“ .

Ова здружение на жени од Виница  претставува симбол на хуманост, љубов кон традицијата и посветеност на православната вера.

Вредните и неуморни членки континуирано организираат настани со кои се негува македонската традиција и се зачувуваат корените на локалната заедница. Нивната мисија е преку активностите што ги организираат да внесат топлина, добрина и духовност во секој настан што го реализираат.

И оваа манифестација, како и повеќето претходни активности на здружението, имаше хуманитарен карактер. Средствата собрани од продажбата на домашно подготвената храна, изработена од бројни домакинки, ќе бидат донирани за потребите на манастирот „Св. Спас“.

Општина Виница, се наведува во соопштението од локалната самоуправа, дава поддршка на настани од ваков карактер, кои истовремено ги поврзуваат луѓето, ја зачувуваат културата и верата и ја поттикнуваат хуманоста.

На овој настан присуствуваа градоначалникот Митко Костадиновски и пратеничката во Републичкото собрание, Даниела Христова.  Во знак на поддршка за она што го прават

жените од здружението „Златни срца“,Костадиновски и Христова засадија плодородни и зимзелени дрвца во дворот на манастирот „Свети Спас“.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio