Радио Кочани
Кочани

Возел во алкохолизирана сосотојба, полицијата му го одзела возилото

633

На 12.02.2026 во 15:59 часот на ул.„Тодосие Паунов“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Г.Т.(31) од с.Оризари, кочанско.

Според пријавата,  при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,14 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а возилото е одземено.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопштуваат од СВР  Штип.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio