Радио Кочани
Кочани

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!!! Внимавајте во што се вклучувате и каде ги оставате вашите лични податоци – Во тек се големи измами на социјалните мрежи

382

Скоро сите следбеници на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“ добиваат пораки од лажниот профил на „АутоВелт“ со добри вести и честитки дека се победници и добитници на ексклузивна награда нов автомобил „Шкода Камик“.

Понатаму од нив се бара регистрација, каде граѓаните треба да ги остават своите лични податоци кои понатаму се дел на измама и проневера

На дел од измамениет од повеќе различни градови од Македонија кои дури ги оставиле и своите банкарски податоци и бела извлечена поголема сума пари.

Од дирекцијата на „АутоВелт“ во Кочани велат дека името на нивната гирма се злоупотребува со лажен профил, со кои немаат, ама баш ништо заедничко.

Ги повикуваа граѓаните да бидат внимателни и да не учествуваа во измамнички наградни игри.

Во моментов, автомобил може да се добие единствено преку грепката „Титаниум“ на Лотарија на Македонија.

Се друго е манипулација и измама.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio