Радио Кочани
Кочани

Концертот „Во очи на Св. Атанасиј“ на ФА „Осоговски извор“ повторно ги собра сите на едно место…

180

ФА „Осоговски извор“ – Оризари  вечерва во Домот на културата во Оризари  го одржа третиот концерт со наслов „Во очи на Св. Атанасиј“.

Поводот за организацијата претставуваше празникот „Св. Атанасиј“, кој се одбележува , денеска, 31 јануари.

Фолклористите се претставија со стари музички изведби и обичаи од Осоговијата, а преполната сала беше најголемата потврда за успешно организираната манифестација.

На настанот учествуваа  и АТМИ „Митко Алексов“ – Кочани, КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица, како и  „Подарешани млади“ –  селото Подареш, Радовиш.

Инаку, ФА „Осоговски извор“ беше реактивиран во месец ноември 2023 година.

Денес ансамблот го сочинуваат млади музичари кои на професионален план ја негуваат македонската изворна музика.

Нивниот  успех го потврдуваат признанијата кои ги добиваат и овациите од страна на публиката.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio