Радио Кочани
Кочани

Цената на оризовата арпа ќе биде корегирана, им најавиле надлежни од Министерството за земјоделство на производителите

1,354

Производителите на ориз од Кочани и Кочанско добиле најава дека новата цена на оризовата арпа до крајот на неделата ќе биде корегирана. Според нив, ова е резултат на остварената средба со надлежните од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Оризопроизводителите бараат цена од 27 денари за килограм арпа.

Пред 7-8 дена тие се заканија со протести и блокади на патиштата, бидејќи сегашната  производна цена на арпата од 23 денари за килограм е премногу ниска. Во моментов, откупувачите плаќаат 18 до 20 денари за килограм,  поради што проценките велат дека едвај 5% од минатогодишното производство е откупен.

-Ова што се случува со откупот е катастрофа. Во амбарите речиси ни стои целата реколта од 2025. Дали 5% е откупено. Откупувачите не откупуваат, а ние сме доведени во многу тешка ситуација. Ние баравме откупна цена од околу 40 ден. за килограм арпа, бидејќи и ние земјоделците работиме со некаква добивка, вели Тони Максимов од Национална мрежа на земјоделци.

Кочанските оризопроизводители сметаат дека без редовен и организиран откуп, оризот и понатаму ќе остане непродаден.

-Со редовен откуп да започнат откупувачите, бидејќи и да имаме цена, доколку откупувачите не ни го земаат родот, оризот повторно ќе ни стои во амбарите. Како што реков, само 5% од производството е откупено, и тоа по основ на тоа што откупувачите им имат дадено репроматрејали на производителите.  Значи само  си го наплаќаат тоа што го дале, а откуп не се врши, рече  Максимов.

Според проценките, минатата 2025 година во Кочани и регионот се произведени помеѓу  20 и 24 илјади тони оризова арпа.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio