Радио Кочани
Кочани

Општина Македонска Каменица со нова мерка за поддршка на семејствата

210

Со новиот Правилник за парична поддршка за новороденчиња, Општина Македонска Каменица за првпат воведе дополнителна финансиска стимулација за повеќедетни семејства.

Вчера беше реализирана и првата исплата по овој основ, во вкупен износ од 65 илјади денари.

Како што информира градоначалничката Соња Стаменкова, средствата опфаќаат 15 илјади денари еднократна поддршка за новороденче родено во тековната година, како и дополнителни 50 илјади денари за семејство во кое се роди четврто дете.

Со оваа мерка испраќаме јасна порака за поддршка на семејствата и создавање поволни услови за зголемување на наталитетот во нашата општина, истакна Стаменкова.

Од општината посочуваат дека ваквите политики се дел од пошироките напори за демографски развој и унапредување на

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio