Радио Кочани
Кочани

Даријан Павлев – Спортист на годината за 2025 година – Извршен изборот на најдобрите спортисти за минатата година

887

Општина Кочани и Асоцијацијата на новинари од Кочани го реализираа изборот на најдобрите спортисти за изминатата година.

За Спортист на годината за 2025 година е избран Даријан Павлев, член на Боречкиот клуб „Спартак“.

Второпласиран е Филип Стојанов од Карате клубот „Партизан“, а на третото место се најде каратистката Наталија Карова од Карате клубот „Кочани“.

Во категоријата Млади надежни спортисти беа избрани сите предложени кандидати.

За Најдобра екипа е избрана ЖФК „Кочани“, додека Игор Каров, тренер на Карате клубот „Кочани“, е избран за Најдобар тренер.

За Најдобар спортски работник е избран Оливер Јовановски.

Специјална постхумна награда ќе му биде доделена на Андреј Лазаров од Оризари, фудбалер, кој животот го загуби минатата година во пожарот во „Пулс“.

Свеченото доделување на признанијата во рамки на манифестацијата „Спортист на годината“ ќе го организира ОФС – Кочани, а за датумот и местото јавноста ќе биде дополнително информирана.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio