Радио Кочани
Кочани

Пожар во помошен објект на улицата „Јане Сандански“ во Кочани

1,108

Утринава, нешто по 8 часот, избувна пожар во помошен објект на улицата „Јане Сандански“ во Кочани.

Од Територијалната противпожарна единица – Кочани информираат дека пријавата за пожарот ја добиле во 08:45 часот. На терен интервенирале две противпожарни возила и четворица пожарникари, кои со брза интервенција спречиле огнот да се прошири и да зафати соседна куќа.

Пожарот целосно бил изгаснат околу 10:00 часот. Според првичните информации, причинета е мала материјална штета, а повредени лица нема.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio