Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Маж од Виница од лажен профил испраќал експлицитни фотографии на малолетничка
СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2025 година пријавениот, користејќи лажен профил на социјална мрежа, испраќал пораки со недозволена содржина, вклучително и експлицитни фотографии и видеоснимки, на профил на малолетничка.
По преземените мерки и активности, со П.А. бил извршен службен разговор во полициска станица, при што тој го признал кривичното дело. Случајот е документиран и доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.
Од МВР нагласуваат дека ваквите дела претставуваат сериозно кршење на законот и директна закана за безбедноста и интегритетот на малолетните лица, поради што институциите ќе продолжат со решително постапување против вакви појави.
