Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Возач од Грдовци приведен по сообраќајка во Кочани, имал 1,97 промили алкохол
На 30.12 2025 во 20:56 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.Б.(28) од с.Грдовци, кочанско. Претходно, тој со патничко возило „бмв“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „киа“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.К. (23) од с.Чифлик, кочанско, а при преземање мерки е констатирано А.Б. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,97 промили алкохол во крвта.