Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ОД ШКАФЧЕ ДО БАНКОМАТ, УКРАДЕНИ 650 ЕВРА ВО КОЧАНИ Некој провалил во Центарот за дијализа
Одделението за внатрешни работи во Кочани поднело кривична пријава против двајца граѓани осомничени за технолошки и класични кражби.
Според информациите од полицијата, првопријавениот, 42-годишниот О.С.А. од Штип, неовластено влегол во простории на Центарот за дијализа во Кочани и од шкаф на две вработени лица одзел паричник со пари, две банкарски картички и лични документи.
Истиот ден, неговиот соработник, 39-годишниот Д.Т. од Кочани, му помогнал во делот на дигиталниот дел од злосторството — употребувајќи ги украдените платежни картички подигнал пари во вкупен износ од 40.300 денари, односно околу 650 евра.
Двајцата се сомничат за повеќе кривични дела: „кражба“, „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, како и „помагање во оштетување на компјутерски систем“.
Полицијата ги документирала доказите и ги доставила материјалите до надлежното обвинителство.
