Радио Кочани
Кочани

На 12 јануари 2026 година – јавна трибина во врска со иницијативата на Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје

248

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ поднесе иницијатива до Општина Кочани за определување локација за спомен-обележје, а Советот на Општина Кочани побара Општина Кочани да организира јавна трибина на која граѓаните, а посебно жителите во околината на локацијата Стар парк во Кочани, ќе го дадат своето мислење по однос на граѓанската иницијатива.

За таа цел Општина Кочани, на 12 јануари 2026 година, во 17 ч., во големата сала на Мултикултурниот центар организира јавна трибина, на која граѓаните ќе можат да се произнесат во врска со поднесената граѓанска иницијатива за определување локација за спомен-обележје на локацијата Стар парк во Кочани, на триаголникот помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на револуцијата“.

Исто така, во периодот од 2 до 11 јануари 2026 година, граѓаните ќе можат да ги искажат своите мислења и ставови преку електронска анкета со дигиталната алатка мЗаедница.

Собраните мислења и предлози со непосредно учество на граѓаните, Советот на Општина Кочани ќе ги земе предвид при одлучување во врска со поднесеното барање односно иницијатива од Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio