Радио Кочани
Кочани

Завршена фасадата на храмот „Преображение на Господ Исус Христос“– продолжува акцијата за донирање средства за целосно уредување

870

Фасадата на храмот  „Преображение на Господ Исус Христос“ е успешно завршена, а од црковниот одбор упатуваат благодарност до сите верници кои несебично помогнаа во реализацијата на овој значаен чекор.

Одбележуваат дека работата продолжува, бидејќи пред црквата претстојат уште активности за доисплата на средствата за изведените работи и за внатрешно уредување на светиот дом.

Секој прилог, без разлика на износот, е благослов и сведоштво за нашето заедништво,“ порачуваат од одборот и ги повикуваат сите добронамерници кои се во можност да придонесат со љубов и вера, со цел храмот целосно да заблеска и да биде достоен духовен прибежиште за верниците.

За сите што сакаат да помогнат, објавени се следните податоци за донации:

Денарска сметка: 300050000202812 – Комерцијална банка

ВОСКРЕСЕНИЕ 2017  Кочани

Девизна сметка: IBAN: MK07300701004287658 SWIFT: KOBSMK2XK0B Комерцијална банка

Од црковниот одбор апелираат за заедничка поддршка до целосно завршување на Божјиот дом.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio