Радио Кочани
Кочани

ПОВИК ДО СТУДЕНТИТЕ ШТО СЕ ПРИЈАВИЛЕ НА КОНКУРСОТ ЗА СТИПЕНДИИ РАСПИШАН ОД ОПШТИНА КОЧАНИ

184

Општина Кочани ги повикува студентите што се пријавиле на Конкурсот за стипендии распишан од Општина Кочани, а кои добиле државна или друг вид стипендија, писмено да ја известат Комисијата за доделување стипендии при Општина Кочани со изјава дека се откажуваат од конкурирањето за општинската стипендија.

Според Правилникот за доделување стипендии од Општина Кочани, студентите не треба  да се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании.

Известувањето да го достават до Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или на е-адресата: [email protected], најдоцна до 17 декември 2025 г. до 15:30 ч.

Дополнителни информации на телефон: 072 275 61

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio