Радио Кочани
Кочани

ДПД – Кочани и годинава ја организира хуманитарната акција „И јас сум дете“ за обезбедување новогодишни подароци

446

Доброволното противпожарно друштво – Кочани и годинава се вклучи во акцијата „И јас сум дете“ за обезбедување на новогодишни пакетчиња за деца од социјален ризик.

Станува збор за иницијатива преку која на неколку локации во Кочани се поставени кутии за донација на новогодишни подароци, кои пред Нова година ќе бидат поделени на деца од ранливите категории. 

Ова е хумана активност на пожарникарите–доброволци, која веќе трае пет години.

Доброволното противпожарно друштво како и изминативе четири години, така и годинава го организира проектот „И јас сум дете“, во кој собираме новогодишни пакетчиња, односно граѓаните на Кочани донираат новогодишни пакетчиња на местата каде имаме поставено кутии за донации, а тоа се „Кузе Моторс“, маркетите „Кај Тоше“ и „Мјб Рич“. Во наредните денови ќе бидат поставени кутии и на други локации.

Ги повикуваме сите граѓани кои се во можност да донираат пакетчиња на веќе утвредните локации. Новогодишните подароци ќе бидат собрани од наша страна, а потоа ќе ги доделиме на децата од социјален ризик.

Да покажеме дека хуманоста живее во Кочани и дека заедно можеме да израдуваме што повеќе дечиња! 
Исто така, во следните денови доброволците самоиницијативно ќе реализираат уште неколку празнични активности и проекти во духот на новогодишните и божиќните празници.
 Да даруваме од срце – секое пакетче е важна радост, исткна Златко Илијев, претседател на Доброволното противпожарно друштво – Кочани.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio