Радио Кочани
Кочани

Лишени од слобода возачи во Камeница и Виница, затоа што управувале возила под дејство на алкохол

606

На 29.11.2025 година во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Штип на ул. ,,Крушевска Република” во Виница, го лишија од слобода О.С.(43) од Виница.

При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле патничко возило „опел“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал О.С., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,19 промили алкохол во крвта.

На 29.11.2025 година во 01:15 часот, полициски службеници од СВР Штип на ул. ,,28 Август” во Македонска Каменица, го лишија од слобода Д.В.(34) од Македонска Каменица.

При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле патничко возило „форд“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал Д.В., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,00 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријавиf по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio