Радио Кочани
Кочани

Претстои реконструкција на спортските сали „Сашо Лазарев-Чапо“ и „Партизан“

332

Со поддршка од Министерството за спорт, во 2026 година целосно ќе се реконструираат два значајни спортски објекта во Кочани: Спортската сала „Сашко Лазаров-Чапо“ и Салата за гимнастички спортови „Партизан“.

 Имавме продуктивна средба со министерот за спорт Борко Ристовски, на која ни беше најавена реконструкцијата на двете сали, инвестиции коишто претставуваат значаен чекор напред за развој на спортот во општината и ќе обезбедат современи услови за тренинг и напредок на младите таленти – соопшти по средбата претседателот на Советот на Општина Кочани Александар Андов.

На средбата присуствуваше и секретарот на Општина Кочани Драган Ананиев, кој упати благодарност до Министерството за спорт и министерот Ристовски за поддршката и партнерскиот однос со единицата на локалната самоуправа.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio