Радио Кочани
Кочани

Потпишан договорот за инклузија на деца Роми во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани

255

Вчера, во Клубот на пратеници – Скопје се потпиша договор за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, Општина Кочани и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“.

Со овој договор, во Детската градинка „Павлина Велјанова“, во учебната 2025/26 година ќе бидат згрижени деца Роми, од 3 до 6 години  во рамките на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки.

Општина Кочани стои цврсто зад вредностите на еднаквост, инклузија и достоинство.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio