Радио Кочани
Кочани

Основниот суд – Кочани ја одби жалбата за притворот на инспекторите од УЈП

1,270

Основниот суд – Кочани ја одби жалбата на обвинителството со барање за промена на домашниот протвор со ефективен затворски притвор за двајцата инспектори од УЈП, Драган Паунов и Дуле Димитриев, додека за останатите деветмина осомничени беа определени мерки за претпазливост.

Жалбите на обвинителството и осомничените се разгледуваа во рок од 48 часа, но точниот момент на објавување на одлуката остана неизвесен.

Инспекторите се осомничени дека земале поткуп и му давале информации на синот на газдата на дискотеката Пулс за ненајавени контроли.

Адвокатот на Паунов изјави дека според досегашната судска пракса вакви дела обично не се санкционираат со куќен притвор, а особено не со ефективен затвор.

Истражувачката репортерска лабораторија објави преписка меѓу Паунов и синот на газдата на Пулс, која вклучува фотографии и пораки за контроли во градот.

Паунов е брат на Даниела Димовска, претседателка на Кривичниот суд во Скопје, која потврди дека нема никаква поврзаност со предметот на својот брат.

Извор: Телма.мк

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio