Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Прекин на струја го оневозможи бројот 193 – граѓаните да се јавуваат на 112
Поради дефект на трафостаница на ЕВН, лоцирана во кругот на поранешната фирма „Бетон“, без електрична енергија е објектот на касарната „Гоце Делчев“, каде се наоѓа и противпожарната единица во Кочани. Поради прекинот, телефонскиот број за пријава на пожари 193 привремено не функционира. Граѓаните кои имаат потреба од пријава на итен случај се упатуваат да се јават на единствениот број за итни повици – 112. Надлежните служби работат на санирање на дефектот.