Радио Кочани
Кочани

Поради одрони, отежнат сообраќајот на патот Делчево-Македонска Каменица

181

Поголеми одрони се забележани по делчевското село Очипала, во близина на месноста Баткова Чешма, каде што на патот има поголемо количество земја и камења.

Интензивните врнежи од дожд во текот на ноќта предизвикаа одрони на дел од патните правци во земјава.

Поголеми одрони се забележани на патниот правец Делчево-Македонска Каменица по селото Очипала, во близина на месноста Баткова Чешма, каде што на патот има поголемо количество земја и камења.

Вдолж делниците на овој патен правец има и поситни одрони поради што сообраќајот е отежнат.

Надлежните служби апелираат до учесниците во сообраќајот да возат внимателно и со приспособена брзина и посочуваат дека екипи се на терен и работат на расчистување на патот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio