Радио Кочани
Кочани

Саити: Околку 11 милиони денари на сметката на Црвениот крст за настраданите во пожарот во „Пулс“

308

Сѐ уште формално е активна сметката на Црвениот крст за донации за семејствата на настрадните во Кочани и во моментов на сметката има околку 11 милиони денари, изјави генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити.

Саити појасни дека поголеми приливи на сметката не се случуваат.

Тоа што го направивме како Црвен крст ги поделивме сите средства. Во моментов на  сметката на Црвениот крст има околку 11 милиони денари, средства кои ќе се дистрибуираат на настраданите од несреќата во Кочани по направена реевалуација од страна на комисијата на Министерството за здравство, која е во тек.

Цел на реевалуација е да се утврдат најитните потреби на преостанатите лица, односно луѓе кои се во фаза на лекување, а им се потребни дополнителни средства.

Се однесуваме крајно одговорно затоа што сметаме дека ресурсите се ограничени, а потребите на луѓето треба да се идентификуват објективно и да се надоместат објективно – вели Саити.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio